„Baby bangs“ – новиот омилен тренд во светот на фризурите

21 февруари 2019

Ако редовно ги следите социјалните мрежи, ќе забележите дека во последно време популарните модели сè почесто можеме да ги видиме со нерамни куси шишки кои всушност се нов омилен тренд во светот на фризурите.

Секако, за да направите ваква фризура треба задолжително да се консултирате со вашиот фризер, бидејќи истата не му стои добро секому.

Ова е супер фризура ако сакате некакво освежување, а сега е одличен момент за пролетни промени.

Оваа фризура неодоливо потсетува на оние ретро дами од минатото и изгледа навистина шик, но повторно, не му прилега секому.

Дека истата стана популарна за кратко време покажува и фактот што потрагата за неа на Пинтерест се зголемила за 50 проценти, а голем број од дизајнерите на своите ревии имаа модели токму со вакви шишки.

Оваа фризура во комбинација со црвен кармин и минимална шминка изгледа навистина моќно, а истовремено слатко, па ако ви требаше малку инспирација, погледнете ги дамите погоре.

Инфо и фото: Buro 24/7.hr

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.357 пати