Blossom Jeju: Природна козметика за природна убавина

3 јули 2019

Oд најубавиот корејски остров, островот Џеџу, познат по своите чуда на природата и ендемични растителни и животински видови, ни пристигна брендот за козметика Blossom Jeju. Островот Џеџу е најголемиот остров во Јужна Кореја. Тоа е вулкански остров со специфичен пејзаж, на кој се издига заспаниот вулкан Халасан, лоциран во центарот на островот, кој е воедно и највисока планина во Јужна Кореја, вклучувајќи ги белите песочни плажи, водопадите, тунелите од лава, пештерите со подземни езера и уште многу други убавини, богата вегетација со многу ендемични видови. Островот е заштитен од УНЕСКО и прогласен е за едно од седумте светски чуда.

Blossom Jeju е корејски бренд посветен на природни козметички производи со богати текстури и неверојатни мириси. Маслото од семе од камелија богато со антиоксиданти е клучната состојка на овие производи. Ова масло се добива од насадите камелија што се одгледуваат на островот Џеџу, најголемиот јужнокорејски остров кој има богат екосистем. Покрај маслото од семе од камелија, формулата на овие производи содржи фина мешавина на цветна вода и природни есенцијални масла и екстракти од различн растенија. Оваа формула ја одржува вашата кожа хидрирана, свежа и еластична. Blossom Jeju го комбинира природното со модерната технологија за да создаде моќни производи за нега на кожата. Производите се направени со 99,8% природни состојки, без никакви штетни хемикалии.

Што е природна нега?

Со ова многу едноставно прашање Blossom Jeju го започна своето патување во светот на природната козметика. Вистинската природна нега се базира на учење од традицијата. Blossom Jeju го црпе своето знаење од ориентална медицина и успева да го прилагоди и внесе во современот стил на живеење.

Оригиналната формула за разладување на Blossom Jeju наречена oriental green е базирана на ориенталната терапија која помага природно да се намали температурата на кожата. Оваа формула истовремено го одржува балансот, ја храни и зајакнува кожата со што ја одржува свежа и здрава.
Ефектот е сосема различен од дејството на други производи за нега на кожата кои се базираат на хемиски состојки, кои често можат да предизвикаар проблеми на кожата заради зголемената температура на местото на нанесување.

Blossom Jeju развива технологии со кои создава производи кои на кожата и ги пренесуваат сировите материи добиени од природата на начин на кој таа од нив има најголем бенефит.

ЛИНИЈАТА ПРОИЗВОДИ НА Blossom Jeju

Pink Camellia Soombi Blooming Vitamin Radiance Booster

Pink Camellia Soombi Blooming Vitamin Radiance Booster е производ погоден за сите типови на кожа. Овој дневен гел-навлажнувач овозможува долготрајна хидратација на кожата благодарение на хиалурoнската киселина, која помага да се привлече и задржи водата. Витамините Б3 и Б5 помагаат во пренесување на влага таму каде што е најпотребна. Формулата за омекнување на кожата е дополнително збогатена со цветна вода од камелија која ја смирува кожата, масло од семе од камелија кое ја негува кожата, екстракт од зелен чај кој има анти инфламаторно дејство и растителни екстракти богати со бетаин и антиоксиданти. Овој навлажнувач ја остава кожата со чувство на свежина, спрема за ритуалот на нега кој следи.

Pink Camellia Soombi Blooming Flower Eye Cream

Pink Camellia Soombi Blooming Flower Eye Cream од корејскиот бренд Blossom Jeju е крем за очи кој интензивно ги одмара вашите очи, ја намалува подуеноста и темните кругови околу очите. Тој ја навлажнува ја и видливо ја зацврстува кожата околу очите. Одличен е како за употреба преку ден така и за преку ноќ. Овој иновативен третман со ефект на ладење ги освежува изморените очи. Лиценцираниот BioDtox комплекс кој го содржи овој крем е докажан во подобрување на еластичноста и спречување на слободните радикали кои ја оштетуваат кожата. Комбинацијата на екстракт од сладок корен и хиалуронска киселина во овој крем дава оптимална хидратација за одржување на здрава еластичност на кожата. Ниацинамидот исто така познат како витамин Б3 е многу ефикасна состојка за обновување на кожата која пружа повеќе придобивки против стареењето на кожата.

Pink Camellia Soombi Blooming Essence Face Oil

Pink Camellia Soombi Blooming есенцијалното масло за лице од брендот Blossom Jeju е драгоцена мешавина од девет чисти масла богати со аннтиоксиданти (масло од семе од камелија, масло од семе од грозје, масло од семе од Limnanthes Alba, масло од бабасу, масло од кокос, канола масло и масло од дива соја). Ова масло за лице видливо ја обновува и освежува кожата додека помага во заштитата од еколошките агресори. Тоа е богато со омега-3 масни киселини кои ја хранат кожата и го зачувуваат младешкиот изглед. Овозможува врвна хидратација оставајќи ја кожата мека, еластична и свежа. Маслото има лесна формула која моментално се впива и не остава масен сјај, а вашата кожа станува младешки блескава. Одговара на сите типови на кожа.

Pink Camellia Soombi Essence Serum

Pink Camellia Soombi Essence Serum од корејскиот бренд Blossom Jeju е серум со брзо-апсорбирачка формула која интензивно ја хидрира кожата и ја одржува нејзината влажност, со што ви дава здрав и блескав тен. Комбинацијата на екстракт од сладок корен и хиалуронска киселина дава оптимална хидратација за одржување на здрава еластичност на кожата. Цветната вода од камелија ја смирува, маслото од семе од камелија ја негува, а екстрактот од сладок корен ѝ дава разладувачки ефект на кожата. Збогатен со витамин Б5, овој серум за лице моментално хидрира за да овозможи совршена подготовка за наредните чекори од вашата рутина на нега на кожата.

Pink Camellia Soombi Blooming Flower Cream

Овој луксузен крем помага за зацврстување и хидрирање на кожата додека го зајакнува нејзиниот природен потенцијал за подмладување и заштита од видливите знаци на стареење. Богат со аденозин и бисаболол овој чудотворен хидратантен крем помага во одржување на природниот колаген и освежување на уморниот тен. Цветната вода од камелија ја смирува, а маслото од семе од камелија ја негува кожата. Збогатен со витамин Е, овој крем за лице овозможува непрекината дневна хидрација за кожа мека како цветен лист.

Производите на Blossom Jeju можете да ги најдете во специјализираната продавница Olpeo, во Градскиот трговски центар во Скопје, на 1ви кат.

Комерцијален текст

Објавено:
3 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
884 пати