Bourjois туторијал: Свежи нијанси за совршен матурски изглед!

26 март 2015

Креативниот тим на Орбико беше дел од годинешната манифестација „Избор за најуспешни жени менаџери“, каде за сите присутни направија одличен туторијал со шминка од нивниот бренд.

Марија Најдовска, консултант за убавина во брендот, вели дека оваа пролет матурантките бараат посвеж изглед и нежни нијанси во однос на шминката, но и дека за највпечатлив изглед секогаш се тука прецизната убава линија туш и впечатливиот кармин.

„Оваа пролет, најбарани се малку посвежи нијанси на сенки пред сѐ, ќе се изостават ладните тонови и сѐ она што беше зимска атракција, ќе премине во неутрални нијанси. Посмелите девојки, може да употребат и повпечатливи нијанси на кармин како темно розова или виолетова и класична линија на туш, бидејќи оваа пролет се наговестуваат и поретро варијанти на гардероба. Прецизна убава линија туш и впечатлив кармин се најважните трендови“, вели Марија од Орбико.

Таа направи одличен туторијал за матурска шминка токму со овие свежи нијанси и трендовите кај шминката за кои говореше.

Марија употреби техника на сенчење за лицето, односно поставување на контури со Flower Perfection на Bourjois како долготрајна пудра која е совршена во текот на целиот ден.

Веднаш потоа, таа употреби стик коректор кај одредени делови, па лицето го заврши со нанесување на камена пудра.

Во однос на очите, таа користеше од сенките со нова, иновативна формула на високо пигментирани светкави сенки на Bourjois во нежни нијанси во боја на кожата.

 

Направи и дискретна линија со долготраен туш, потоа нанесе и од новата, Twist Ultra Black маскара за волумен и за должина.

Сосема на крајот, за совршен финиш употреби од најновите nude нијанси на Velvet кармините и целиот изглед го украси со мат сјај за крај.

Објавено:
26 март 2015
Категорија: 
Убавина