Во циклусот новогодишни содржини, ги консултиравме и нашите фризери и шминкери во однос на актуелните трендови за шминка и фризура, но и кој е најсоодветен изглед за претстојните новогодишни прослави.
Бубе од Студио Ин предложи неколку интересни идеи како за девојките, така и за момците.
„Што се однесува до косата и шминката, за вистински да блеснете во Новогодишната ноќ, основно е да имате здрава и негувана коса. Во Бубе Студио Ин има најразлични линии на третмани за нега на косата како што се Ботокс трертманот, Кавијар третманот, Кератински третман и многу други", вели Бубе.
Тој посочува дека оваа сезона повторно се актуелни нијансирањата.
„Покрај здравата и негувана коса следно што е многу важно е бојата на косата да ви е во актуелна тренди ниjанса или пак да е нијансирана во најновите техники како балајаж, омбре, сомнре, пиксел, 3Д итн. Кога сето ова е веќе истретирано, за новогодишната вечер можете да си дозволите најразличен изглед па дури и нешто поексцентрично. Ќе напоменам дека оваа сезона брановидното таласање на косата е апсолутен тренд за посензуален изглед, а секако модерни се и полусобраните или целосно потфатени романтични фризури", додава Бубе.
Во однос на шминката, Бубе потенцира дека празничната ноќ дозволува и впечатлива шминка.
„Шминката зависи од тоа како ќе се одлучите со косата, но секако нема да погрешите доколку и малку поизразена шминка биде изборот за таа вечер", советува тој, а на момците им препорачува едноставен и уреден изглед и стилизирана коса со посјаен препарат за обликување.
„Заклучокот е дека за новогодишната ноќ сѐ е дозволено, освен обичен изглед. Среќни новогодишни празници и бидете незаборавни за највеселата ноќ во годината", ви посакува Бубе.