Откако есента ја одбележаа впечатливите нијанси на кафена боја, последните денови на сцената се појави таканаречената темно чоколадна кафена боја на коса, која со причина го украде вниманието на многу дами.
Фото: Pinterest
Иако есенската сезона ја отворивме со малку поинакви бои, како црвените и портокаловите, овој пат се враќаме на оние класични нијанси. Кафената боја, односно нијансата на темното чоколадо е боја со која можете да ја освежите косата, особено доколку имате природна кафена или црна, и наедно да ѝ дадете луксузна нота.
Фото: Pinterest
Оваа темна боја дополнително можете да ја збогатите со посветли кафени прамени кои ќе направат косата да изгледа природно. Експертите за убавина истакнуваат дека тоа е класична боја која ќе ви одговара без разлика на тонот на вашата кожа.
Затоа, направивме фото водич кој ќе ве инспирира да ја освежите косата со оваа боја.
Фото: Pinterest