Дали би носеле атрактивни чевли или би го ставиле здравјето на прво место?

3 јули 2014

Иако причините за болки во стапалата може да бидат многубројни, сепак меѓу водечките е носењето на чевли кои не одговараат на конституцијата на вашата нога. Едно истражување покажало дека дури 88% од жените носат еден број помали чевли, а носењето на чевли на висока потпетица или рамни – се подеднакво штетни.

Стручните лица тврдат дека според изгледот на стапалата на некоја личност може да го проценат нејзиното здравје. Доколку ве болат стапалата дури и кога одмарате, веднаш закажете преглед бидејќи може да се работи за здравствени проблеми поврзани со срцето, а додека пак болката во петите и зглобовите е знак за проблем со бубрезите.

За да ги избегнете ваквите  појави од носењето на неадекватни чевли, добро размислете при одењето на шопинг, односно дали повеќе сакате да носите атрактивни чевли или пак да одите слободно без болки и можност за загрозување на здравјето. Ортопедите ги советуваат припадничките на понежниот пол доколку веќе не сакаат да се откажат од носењето на високи потпетици, барем тоа да не го прават секојдневно, а ова се однесува на сите потпетици повисоки од пет сантиметри. Тие исто така препорачуваат избегнување на носење модели со шпицести врвови бидејќи во нив прстите се стиснати. Сандалите со ниска пета и отворени прсти се одлични за летната сезона бидејќи во нив ногата не лизга нанапред, а прстите не се стиснати за разлика од другите модели. За крај не заборавајте ги ортопедските влошки.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Убавина