Десет козметички трикови што сигурно не сте ги знаеле!

27 јануари 2015

На сите нас понекогаш ни требаат мали трикови со кои би си ја подобриле шминката и воедно би си го олесниле секојдневието.

Дури и на оние девојки кои го усовршиле шминкањето, понекогаш им е потребен мал совет за тоа како карминот да им трае подолго или пак како да си направат своја ББ крема што ќе трае, пишува Fashion.hr.

Во продолжение, ви откриваме вкупно 10 трикови за шминкање за кои знаеме дека ќе ни бидете благодарни.

1.Покријте ги „вреќичките“ под очите 

Колку и вашата кожа да е сјајна и нежна, понекогаш работните и приватните обврски предизвикуваат видлив умор, особено на лицето. Најбрзо ќе ги прикриете подочниците доколку нанесете посветла нијанса на коректор, а врз него ќе ставите од вообичаената пудра што ја користите за остатокот на лицето. Секогаш внимавајте да не претерате со светлите нијанси, за на крајот да не изгледате смешно.

2. Освежете ги очите 

Покрај природните состојки што помагаат при освежување и одмарање на очите како што се на пример парчињата краставица, ние предлагаме со бело моливче да ги исцртате внатрешните делови на очите, но и надворешните краеви за особен сјај, што ќе ги прикрие сите моменти на умор.

3.Создадете впечаток на густи трепки 

Со црно моливче за очи внимателно исцртајте тенка линија на капаците, но внимавајте таа да ги зафати и оние делови од каде впрочем растат трепките. Оваа постапка веднаш ќе создаде впечаток дека вашите трепки се исклучително густи.

4.На едноставен начин, заменете ги вештачките трепки 

Доколку не сте обожавателка на вештачките трепки и истите ви пречат, тогаш имаме трик што ќе има подеднаков ефект. Набавете добар виткач за трепки и загрејте го со фен непосредно пред употребата. На овој начин, вашите трепки нема да се спуштат во текот на денот, а со помош на квалитетна маскара ќе добиете ефект на големи и густи трепки како никогаш досега!

5.Избегнете го ефектот на влакнесто лице 

Кога со четката ја нанесувате пудрата одоздола па нагоре, вие ги активирате сите влакна на лицето и им давате дополнителен волумен што веруваме никој не го сака. Избегнете го тоа со тоа што ќе ја нанесувате пудрата одозгора па надолу.

6.Интензивирајте го мирисот на најдрагиот парфем 

Парфемот ќе ви трае многу подолго доколку под него нанесете лосион за тело без мирис. Имено, мирисните молекули што се состојат во парфемот, најдобро и најдолго се чувствуваат доколку површината на кожата е влажна.

7.Направете сами своја ББ крема 

Во мало чисто кутивче измешајте помала количина квалитетна хидратантна крема со малку пудра што постојано ја користите. Овој производ ќе биде одличен за вашата кожа на лицето, а ќе ви овозможи и неверојатен ефект на свежина.

8.Вратете ја во живот вашата омилена маскара 

Во вашата исушена маскара (доколку на истата секако не и е поминат рокот), додадете неколку капки физиолошки раствор.

9.Визуелно подигнете ги очите со шминка 

Од почетокот на очите па сѐ до крајот нанесете малку светол коректор или бело моливче и претопете го со остатокот од шминката така што нема да дозволите да се забележи преминот.

10.Овозможете си карминот да ви трае... 

Откако го нанесовте омилениот кармин, земете едно сосема обично хартиено марамче и лесно притиснете го на усните. Со голема четка на која претходно нанесовте пудра во прав, поминете преку усните. Текстурата на карминот ќе стане мат, а самиот тој ќе биде подолготраен.

Објавено:
27 јануари 2015
Категорија: 
Убавина