Девојката на Кијану Ривс искрено за косата: Седа сум од 20 години...

7 декември 2019

Една од вестите што ја одбележа оваа година на изминување е таа дека Кијану Ривс конечно има девојка. Иако обожавателите ширум светот се израдуваа што омилениот анти-холивудски актер е среќен, сепак многумина го коментираа изгледот на неговата избраничка, уметницата Александра Грант.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Autre Magazine (@autremagazine) onMay 19, 2019 at 3:42pm PDT

 Таа им 46 години, но во медиумскиот простор се појавија коментари дека изгледа многу повозрасно од тоа што реално е, а таквиот впечаток најмногу е присутен поради нејзината седа коса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gabriel Pour Keanu Reeves(@gabriel_pour_keanu_reeves) onOct 29, 2018 at 9:03am PDT

 Токму за тоа Александра неодамна проговори на социјалните мрежи. Уметницата сподели фотогргафија со текст во кој пишува дека најнова студија докажува дека добивањето рак на дојка е поврзано и со бојадисувањето на косата и хемиските препарати за јакнење на влакното на косата. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) onDec 4, 2019 at 7:07pm PST

 „Јас побелев пред време, во моите рани 20-ти. Ја бојадисував косата со секакви бои и производи што ќе најдев, сè додека веќе не можев да ја толерирам токсичноста во фарбите. Во моите 30-ти ја пуштив косата да стане “руса“...  Ми се допаѓа и го почитувам тоа што секоја жена може да избере како ќе изгледа на било која возраст од животот. Ако жените страдаат од наметнатите стандарди за убавина, ајде тогаш да зборуваме за тие стандарди. Љубов за сите жени“, напиша Грант под фотографијата и со тоа веројатно стави крај на озборувањата за нејзиниот изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Alexandra Grant (@grantalexandra) onMar 7, 2019 at 7:31pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cotton Hair (@cottonhairedwomen) onDec 5, 2019 at 11:07am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Scott Lipps (@scottlipps) onApr 25, 2018 at 6:39am PDT

 

Објавено:
7 декември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.863 пати