Диетата на Џенифер Анистон поради која секогаш изгледа исто

25 октомври 2019

Во февруари годинава наполни 50 години, но откако паметиме за Џенифер Анистон, таа речиси секогаш изгледа исто. Како никогаш да немала вишок килограми.

Освен на генетика, таа за добриот изглед може да му заблагодари на вежбањето, но и исхраната. Таа ќе признае дека како и секоја друга жена, се соочува со промени на телото и организмот, но тоа не ја спречува да си го сака телото.

„Сметам дека нашите тела се прекрасни и мислам дека треба да ги славиме и да се чувствуваме комотно во своја кожа, без разлика на тоа колку години имате, тоа е многу важно. Не треба да постои ниту малку срам или некомфорност во прифаќањето и покажувањето на телото“, ќе каже за „Харперс Базар“, во јунскиот број, за кој позираше речиси топлес.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus) onMay 6, 2019 at 5:21am PDT

 

Еве како се храни:

Појадок:

„Кога ќе се разбудам пијам топла вода со лимон, а потоа смуди или авокадо и јајца, едно од моите омилени јадења.

Нејзиното смуди за по пат вклучува некој вид на чист протеин, банани, боровници, смрзнати цреши, стевиа, микс од зеленчук, мака прав и малку какао. 

Некој пат пак, комбинира житарици со банани или зобена каша со белка од јајце, изматена и додадена на крајот. 

„Овој совет го добив од Џастин. На тој начин внесувам дополнителен протеин и му давам уште поубава текстура на миксот, кој е превкусен“, вели актерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Harper's BAZAAR (@harpersbazaarus) onMay 9, 2019 at 4:50am PDT

Ручек:

Ручекот се состои од некоја форма на зеленчук или салата со протеин. Исто така, преферира пилешки бургер во протеин. Меѓу оброците консумира здрав шеќер или повторно протеин, како јаболко со путер од лешници или ореви и бадеми. Свеж зеленчук и тврдо варени јајца се задолжителни состојки во нејзиниот фрижидер. 

„Не дозволувам навиките за храна да излезат од контрола, па да треба да направам ресет. Многу е јасно: Јадам органско овошје и зеленчук и тоа во огромни количества, шеќерот (вештачки) го сведувам на минимум, пијам тони вода и се трудам да имам доволен и добар сон. Си дозволувам од време да се опуштам, но не си поставувам веќе никакви правила“, вели Анистон.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Aniston Fans (@jenniferanistononline) onAug 18, 2019 at 10:43am PDT

Вечера:


Вечерата најчесто вклучува комбинација на зеленчук со протеин, но исто така од време на време си дозволува пица со црвено вино. Лазањите се исто едни од нејзините омилени јадења, со модар патлиџан или различни сирења. Мексиканската храна знае да биде дел од менито.

Објавено:
25 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
9.885 пати