Актерката Ребел Вилсон, публиката покрај талентот, ја засака и поради несекојдневната физичка појава за Холивуд. Како што и самата ќе каже, килограмите и тоа што била дебела ѝ помогнале, бидејќи била различна.
View this post on Instagram
„Ваква немаме“, ѝ рекол нејзиниот агент кога првпат се појавила на неговата врата. Но, без оглед на тоа што ѝ носело успех, како открива, тежината била резултат на неконтролирано јадење предизвикано од стрес.
View this post on Instagram
“Цел живот водам битка со килограмите. Најчесто посегнувам неконтролирано по храна, воглавно сладолед и десерти, после стресен ден или кога нешто лошо ќе ми се случи.“ изјави неодамна актерката.
На пoчетокот на годинава порача дека за неа 2020 ќе биде година на здравјето и за неколку месеци ослабе 18 килограми. Покрај секојдневните тренинзи, таа внимава на исхраната и ја практикува „Мајр диета“, која е исклучително популарна.
View this post on Instagram
Иако нејзината популарност сега веројатно е најголема, се работи за диета стара речиси сто години. Ја развил Фрац Мајр во Австрија во 1920 година, а диетата во фокус го става здравјето на цревата, па со нејзното практикување се чистат од токсини, бидејќи докторот сметал дека токму токсините наталожени во цревата се причина за многу заболувања.
Помеѓу другото, за таложењето токсини се виновни и храната, односно брзото јадење, обични вечери, храна богата со целулоза, недоволно џвакање на храната... а сето ова влијае на здравјето на цревата.
Доктор Максимилијан Шуберт, медицински директор на „Вива Мајр“ велнесот кој ја промовира диетата посочи дека во изминатиов век дошло и до одредени промени во диетата, но дека таа и понатаму се држи до своите корени.
View this post on Instagram
Како и секоја диета, и оваа има свои добри и лоши страни, но Мајр се разликува од другите што не е толку важна категоризацијата на храната, туку времето и начинот на консумација на оброкот.
Задолжително е џвакање на храната околу 30 пати, за ензимите да можат добро да ја завршат својата работа. Исто така, вода за време на оброкот е забранета, затоа што таа ги разблажува соковите во желудникот и го забавуваат метаболизмот.
Помеѓу правилата на диетата се и избегнување на големо количество црвено месо, зголемен внес на овошје и зеленчук, да не се консумира сирова храна после 16 часот...
Дијабетичарите, оние што имаат кардиоваскуларни проблеми, проблеми со тироидната жлезда или дигестивниот систем, како и оние со бубрежни заболувања и со проблеми со црниот дроб, спаѓаат во ризична група и доколку сакаат да ја пробаат диетата би требало да се консултираат со стручно лице.
Нутриционистите советуваат дека убаво е за ручек да се додаде и чаша вино, која нема да ја промени pH на желудникот. Наместо вино, може лимонада или сок од цеден цитрон.
Во продолжение следи пример за диетата, но тоа е само една верзија за тоа како може да се намали внесот на јаглехидрати, а да се подобри дигестивниот систем.
View this post on Instagram
Појадок: Јајца, парче месо подготвено на грил тава, салата од домати и краставици, парче леб од брашно полно зрна (без адитиви)
Ужина: Овошна салата
Ручеk: Чинија чорба со леќа и морков; просо со зеленчук (една од опциите)
Вечера: Филе од бела риба, печена, чинија варен спанаќ
View this post on Instagram
Што друго смеете да јадете:
Протеини: Филе од пастрмка, чадена пастрмка, мисиркини гради, лосос, чаден лосос, говедски филети...
Зеленчук: Спанаќ, кромид, целер, морков, компир, шери домати, брокула, зелка, анасон...
Овошје: суво грозје, јаболка, калинки, малини, бобичесто обошје, портокали, цитрусни овошја, банани, папаја, манго, авокадо, кајсии, сливи...
Житарки: палента, корнфлекс, ориз (за рижото), брашно од хељда и други зрна од кои може да се прави леб, овесни снегулки
Јаткасти плодобив: ореви, сусам, бадеми..
Друго: органски јајца, путер, козјо сирење, пармезан, оризово млеко, овесно млеко
Зачини: стевиа, зеленчукови зачини, маслиново масло, ладно маслиново масло, кокосово масло, балсамико, мед, јаворов сируп, оцет, тартар сос, соја сос, морска/хималајска сол.
Пијалаци: Зелен чај, сок од калинки/шипки, вода.