Дита вон Тис го има карминот на сезоната!

12 ноември 2015

Козметичкиот гигант Mac во последно време најмува некои од најпознатите девојки во светот за рекламирање на нивните производи, а последна во низата е Дита вон Тис со која планираат да создадат секси црвен кармин.

Нијансата на црвено ќе ја одбере таа самата, а сосема нормално, карминот ќе го носи нејзиното име и ќе биде олицетворение на луксуз и елеганција, како што велат од брендот.

Карминот ќе биде достапен многу наскоро, односно веќе од 9 – ти декември онлајн и во сите продажни места на MAC.

Досега, брендот има соработувано со светски ѕвезди како Ријана, Мајли Сајрус, Ариана Гранде и бројни модели.

Неодамна, сексапилната Дита вон Тис се појави во едиторијал за онлајн магазинот WhoYouAre во издание какво што единствено неа и прилега.

 

Објавено:
12 ноември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.054 пати