Оваа среќна среда, во пресрет на летните одмори ви нудиме еден рецепт за совршено здраво тело од нашата нова омилена веб страна smuti.mk.
На менито оваа среда е едно многу едноставно смути за намалување на килограмите токму пред летните одмори.
Истото се подготвува многу лесно од едноставни состојки што можете да ги најдете во секое време.
Потребно:
• Две мали лажички чија семе
• Една голема лажица протеински прашок
• Една банана
• Една шолја различни бобинки
• Една шолја млеко
• Мраз по избор
Додавањето протеински прашок на вашето смути е контроверзна тема. Ако не сте спортист или имате строго ограничен начин на исхрана, тогаш најдобро е да се задоволите со количината на протеини која ја примате преку храната.
Подготовка:
Сите овие состојки се ставаат во моќниот Nutribullet кој има циклонско дејство и патентирани сечила, лесен е за одржување, мал е и компактен и има моќен мотор од 600W што сечка и меле.
Во продолжение, погледнете го и видео рецептот од одличните smuti.mk и направете си едно вакво смути за доручек или ручек.