Домашен напиток за брзо топење на килограмите

30 март 2016

Иако водата со краставици одамна е голем хит кај моделите ширум светот и истовремено важи за еден од најдобрите напитоци за детоксикација на организмот, здравствените придобивки од истата се навистина одлични.

Ваквиот напиток се приготвува многу брзо и лесно, а сѐ што ви е потребно се два литра вода и неколку парчиња краставици со лушпа исечени на кругови.

Ставете неколку парчиња во водата и оставете го напитокот некое време во ладилник, а потоа консумирајте по една чаша.

Како што споменавме погоре, здравствените придобивки од овој напиток се навистина огромни. Според извештајот на американската асоцијација за здравјето на срцето, проблемите со овој орган се јавуваат како прва причина за смрт кај населението. Паметниот и здрав план на исхрана е најдобриот пат за заштита на срцето. Водата од краставици ќе го намали крвниот притисок и со тоа ќе го намали ризикот од срцеви заболувања.

Овој напиток ги храни и мускулите со есенцијалните нутриенти, па ако вежбате или сакате да ја зголемите мускулната маса, во текот на денот консумирајте по две чаши од оваа вода.

Она што е супер да го знаете е тоа што краставиците се полни со силни антиоксиданси што ја зајакнуваат функцијата на мозокот, го намалуваат стресот и го спречуваат настанувањето на болести поврзани со стареењето.

Краставиците се полни со витамин К кој му е неопходен на нашиот организам, а истиот во голема мера помага и за зајакнување на вашите коски. Веќе добро знаете дека овој напиток ќе помогне во хидратацијата на вашата кожа и ќе ја смири, а водата со краставици е полна антиоксиданси кои исто така многу ја штитат кожата.

Доколку сѐ уште не сте го пробале ова вистинско чудо од природата, пролетта е вистинско време за тоа!

Објавено:
30 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.261 пати