Таа е можеби една од најдобрите светски дизајнерки кои креираат совршени парчиња на кои многумина им се восхитуваат, но она што дефинитивно не е за восхит е нејзината неверојатна пасија кон ботоксот и како таа денеска изгледа благодарение на безбројните операции.
Пред точно 20 години, 59 годишната Донатела Версаче беше една сосема едноставна жена со природно полни усни и чиста кожа на која секој би позавидил. Денеска, таа е една од светски познатите личности кои што најчесто подлегнуваат на хируршки зафати и кои едноставно се зависни од ботоксот.
Иако таа ќе каже дека, низ годините, единствената корекција што ја направила била онаа на нејзиното лице, светот знае дека тоа е само една обична фарса. Нејзиното последно јавно појавување уште еднаш му докажа на светот дека дизајнерката не престанала со операциите, односно хируршките зафати ги однела на едно поинакво ниво, дури до непрепознатливост.
„Нејзината кожа е премногу сјајна, што е резултат на прекумерно користење ботокс и постојано подлегнување на ласерски третмани кои се користат за измазнување на лицето“, вели специјалистот – доктор Амер Кан. Докторот посочува и дека особено впечатливи се постојаните зафати што дизајнерката ги прави во пределот на брадата, за каде верува и дека таа поставила импланти.
Докторите експерти, водени од примерот на дизајнерката, по кој знае кој пат посочуваат на важноста на природното стареење и страшните последици од постојаното изложување на пластични операции.
Во продолжение, да се потсетиме на тоа како почнаа трансформациите на Донатела Версаче и како таа изгледаше на почетоците на нејзината кариера.
1993
1993
На 37 години, Донатела прослави вкупно 20 години заедничка работа со нејзиниот брат Џани Версаче. Тогаш таа уживаше во семејните моменти со нејзините деца, 7 – годишната Алегра и 4 – годишниот Даниел. Она што е особено забележително се нејзините прекрасни, полни, природни усни и првите брчки околу очите.
1997
1997
Само три месеци по смртта на нејзиниот брат Џани, Донатела се појави на доделувањето на VH1 музичките награди со сосема поинаков и младешки изглед, несоодветен за нејзините 42 години.
1998
1998
На чело на империјата Версаче, Донатела докажа дека покрај тоа што е убава, таа е и навистина интелигентна и може да се соочи со сите предизвици. Фотографирана на прес конференција, тешката шминка ја рефлектира нејзината потреба да биде сфатена посериозно, а нејзиното лице докажува дека сѐ уште има природни делови што подоцна ќе подлегнат под нож!
2002
2002
Разведена веќе две години, Донатела се појавува на сцената со големи промени на нејзиното лице. Нејзините хирурзи посочуваат дека таа подлегнала на неколку регуларни зафати, но експертите велат дека на нејзиното лице се забележува нешто многу повеќе.
2005
2005
Во овој период, таа за американскиот Вог признава дека е зависник од кокаин во последните 18 години. Минува долго време на рехабилитација во Аризона, што можеби го објаснува нејзиниот темен тен, но не и видливо зголемените усни. Таа ја објаснува употребата на ботокс велејќи дека не верува во природната убавина на жената.
2008
2008
Овој период, дизајнерката очигледно направи пауза од ботоксот со оглед на природните брчки што се појавија околу нејзините усни и очи.
2011
2011
Оваа фаза на дизајнерката е онаа што ги заплаши сите. Кожата на нејзиното лице веќе има хартиена текстура како резултат од бројните третмани на кои таа подлегнала. Темната кожа е резултат на постојните изложувања на третмани во солариум.
2014
2014
Загрижувачки слаба, дизајнерката го привлекуваше сето внимание каде и да се појавеше оваа година. Особено видливи беа зафатите што таа ги правеше во пределот на нејзиното чело, што постојано беше сјајно како резултат на прекумерната употреба на ботокс. „Нејзините усни, челото и образите се местата каде ботоксот бил најмногу употребуван, но и нејзините веѓи не изостанале од третманите“, изјави неодамна докторката Труди Фридман, која уште еднаш посочи на страшната и прекумерна употреба на ботокс кај светската дизајнерка.