Ѕирнете во летната градина на Шанел

9 јуни 2014

Делот каде што модната куќа Шанел има свое место во лондонската стоковна куќа Селфриџис не само што доби нов ентериер, туку и во чест на летниот период кој претстои доби и ново име, Butterfly Garden. Декориран е со пеперутки изработени од хартија, разгранети цветни дрвја, дрвени лулашки и вештачка трева за да потсетува на вистинска летна градина.

Во рамките на преубавата градина, модната куќа Шанел одлучи да го смести делот за декоративна козметика и на посетителите да им ја понуди ексклузивната можност на себе да можат да пробаат да се нашминкаат на три различни начини кои несомнено ќе бидат мошне актуелни летово. Првиот Beach Party изглед е за младите опуштени девојки кои не ги пропуштаат забавите на плажа. Garden Party шминката се одликува со нежен изглед и природен изглед за сите дами кои ги сакаат дружбите со пријателите и не ги привлекува градскиот метеж, а третиот Festival Look е исклучиво наменет за сезоната на музичките фестивали.

Доколку не сте во можност да отидете во Лондон, а сакате да видите како изгледа некој од предложените изгледи можете да ги видите туторијалите на интернет и со малку креативна фантазија може и сами ќе успеете да се нашминкате како што советуваат make up артистите од Шанел.

Објавено:
9 јуни 2014
Категорија: 
Убавина