Ѕвезденото семејство на Ланком доби нов член

4 април 2014

Козметичката компанија Ланком е позната по соработките со дел од најеминентните ѕвезди во шоу бизнисот. Џулија Робертс, Пенелопе Круз, Кејт Винслет и Лили Колинс, се само дел од амбасадорите кои ги бранат боите на ова ѕвездено семејство. Од неодамна нив им се приклучи и црномурестата убавица пред која се поклони целиот Холивуд, оскаровката Лупита Нјонго.

На оваа млада актерка и беа потребни само неколку месеци за да се закити со епитетот модна икона, а после оваа соработка Лупита стана и гласник на убавината. Одговорните во компанијата се уште не откриваат официјални информации кои производи ќе бидат заштитна етикета на актерката, но изјавија дека  првата кампања со Лупита како заштитно лице на брендот, ќе биде промовирана во септември оваа година.

„Решив да бидам дел од ѕвезденото Ланком семејство поради тоа што тие со својата понуда не ја ограничуваат убавината на жената, туку промовираат една симбиоза  на производи кои што ги задоволуваат потребите на потрошувачите во целост. Спектарот на производи што тие го нудат е во служба на потребите на жените, а не обратно. Секоја припадничка на понежниот пол е убава само по себе и има право да го одбере она што мисли дека е најадекватно за да може да ја истакне својата убавина. За мене убавината претставува сочувство за себе и за оние околу мене и сметам дека фокусот треба да ја осветли повеќе внатрешната убавина на секоја жена. Тоа е всушност она што Ланком им го овозможува на своите клиенти. За мене ова е голема привилегија“, вели Нјонго во официјалната изјава за медиумите.

Објавено:
4 април 2014
Категорија: 
Убавина