Едита Вилкевичута во кампања за новиот парфем на Булгари „Omni Cristalline“

29 јули 2013

 

Италијанскиот бренд за накит Булгари промовираше рекламна верзија за нивниот парфем „Omni Cristalline“ кој официјално беше презентиран во 2005 година. Едита Вилкевичута е лицето на новата кампања која е под режисерка палка на Лиз Колинс. Русокосата убавица има промовирано рекламни кампањи за парфеми и за реномираниот Келвин Клајн, а овде се појавува во вид на ангел украсен со скапоцени камења,додека мирисот е спој од цветни есенции, кои даваат една нежна и романтична нота на самиот парфем.

 

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Убавина