Експеримент: Британска новинарка не ја миела косата 3 недели

14 април 2020

Софи Свиеточовски е новинарката која одлучи да направи, необичен експеримент - да не ја мие косата три недели. Резултатите од експериментот ги објави за магазинот „The Sun“.

Инаку, нејзината вообичаена практика била да ја мие косата на секои четири дена, а за време на експериментот не користела шампон две недели.

Деталите во продолжение:

„Пред почетокот на предизвикот поминав само 20 минути под туш. Со оглед на тоа дека знаев во што се впуштам, детално го измив темето. Се надевав дека така ќе овозможам да остане чисто неколку дена“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sophie Swietochowski (@sophieswietochowski) onFeb 13, 2020 at 9:02am PST

Прва недела: Петтиот ден е клучен

Со оглед на тоа дека првите неколку дена биле вообичаени, како и од досегашната практика, кога ги приметила првите знаци на мрсна коса, не била изненадена

„Како е - така е“, се тешела и ја врзувала косата во високо опавче. Мислела дека ова ќе биде лесна задача. Но, она што не знаела е дека марсната коса ќе биде само еден од сегментите со кои ќе мора да се соочи, кога веќе одлучила да не користи препарати за коса.

„Петтиот ден од насобраната маснотија, косата почна да се грутчи. Тоа можам да го споредам со путер. Кога ќе се стопи, вие можете со него сè да направите. Но, ако го оставите да се стегне, тогаш и работењето со него станува многу покомплицирано“, објаснува Свиеточовски.

Чешлањето на косата било потешко од претходно, а во јавност носела висока пунџа. 

Косата првпат ја испрала само со вода шестиот ден. Вели дека е важно пред да се измие со вода, косата добро да се исчешла.

„Брзо „проплакнување“ со вода или мрсни „шпагети“ од коса беа мојот избор“.

Истата одлука ја донела и три дена подоцна.

„Ако планирате да го прифатите овој предизвик, првите неколку пати миењето без шампон ќе биде напорно, морам да ве предупредам. Инстинктивно ќе сакате да посегнете по шампонот, пред да се сетите дека не треба да го користите“, открива Софи.

Тоа што не користела шампон, придонело косата да ѝ се мрси уште почесто. Но, како вели, тој проблем го решила така што секогаш пред да ја измие со вода, задолжително ја чешлала косата. 

„Исто така, ако планирате наутро да ја миете, не правете го тоа во работен ден. Без шампон не можете да ја исушите косата со фен. Односно без регенератор, збогувајте се со здравите врвови. Природното сушење е најсигурна метода.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sophie Swietochowski (@sophieswietochowski) onAug 24, 2018 at 10:40am PDT

Втора недела - Лошата миризба станува проблем

Во нејзиниот текст, Софи нагласува да не очеувате дека мрсната коса ќе исчезне, бидејќи водата не ја чисти на ист начин како шампонот што го прави тоа. Таа ќе успее да отстрани дел од маснотиите и нечистотиите, но не доволно за десетиот ден од експериментот да не ви се подели на делови и да ви се залепи за глава.

Втората  недела од предизвикот донела нови проблеми - непријатна миризба.

„Морам да признам дека претходните две недели поминаа прилично добро без шампон, но смрдеата која лебдеше над мојата глава, ја уништи мојата самодоверба“, признава новинарката.

Тогаш и конечно сфатила зошто толку се инсистира на квалитетни четки за коса. Редовното чешлање на спасило нејзината коса во моментите кога била сува и мошне крута.

Според стручните лица, рамномерно распоредување на природните масла на косата е клучно во оваа ситуација. Тоа ја смирува косата и ја чува од кршење.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sophie Swietochowski (@sophieswietochowski) onDec 7, 2019 at 5:27am PST

Трета недела - Спас во кујната

После 14 дена, одлучила да примени дел од домашните трикови за нега на коса, па ја третирала со мешавина од сода бикарбона и вода.

„Никогаш не се навикнав да ставам состојки за колачи на коса, но очајно барав решение да се ослободам од смрдеата. Додадов и неколку капки етерично масло од лаванда“, споделува Софи.

Со добиената мешавина, ја измила косата, а резулатот ја воодушевил. Нејзината коса изгледала чисто, а волуменот бил поголем. Но, воодушевувањето траело кратко.

„Коса се исуши, ми остана ужасна леплива текстура. Секој прамен од косата на допир беше груб“.

Но, и покрај тоа, на крај се покажало дека успеала да ја ублажи непријатната миризба од косата.

На 16 ден, забележала дека ѝ се појавиле кадрици, што таа го толкувала како знак дека косата почнува да се враќа во живот.

„Последните неколку дена од експериментот се разбудив со нежни брановидни прамени. Бев шокирана. Косата отсекогаш ми беше рамна, колку што се сеќавам“, раскажува новинарката.

Сакајќи да открие што тоа значи, наоѓа истражувања кои покажуваат дека претераното нанесување хемикалии (шампон, регенератори...) можат да ја израмнат косата. Без овие тешки производи, косата може да дише и се враќа во природна состојба. 

Софи открива дека повеќе не чувствувала притисок кога ќе излезе надвор, бидејќи слободно можела да се појави во пуштена коса.

 

Заклучок:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sophie Swietochowski (@sophieswietochowski) onMar 9, 2020 at 2:44pm PDT

На 21-от ден од експериментот, Софи гордо вели дека успеала успешно да истрае. 

„Не се одлучив да ја применувам оваа метода засекогаш, но бев импресионирана од резултатите од „самочистењето“ на косата. Мојата коса никогаш не бил ни блиску до мрсна како што очекував да биде во оваа фаза од експериментот, изгледаше многу поздраво, густо и со волумен. После две ипол недели , почувствував дека косата почна да се прилагодува на целата ситуација“.

Иако била задоволна со постигнатиот резултат, признава дека не би можела повторно во скоро време да го направи истото.

„Многу ми недостасуваше чувството на беспрекорност кое ми го дава измиената коса со шампон. Никогаш не се чувствував во целост задоволна само со измивање со вода“, признава.

Но, од друга страна, не се вратила во целост и на старите навики. Одлучила да користи производи кои во себе имаат природни состојки. На тој начин успеала да има здрава коса без непријатен мирис.

Би се осмелиле ли вие на ваков предизвик, особено во време кога сите сме дома?

Објавено:
14 април 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.157 пати
Тагови: 
коса новинарка
Извор: 
stil.kurir.rs