Екстензиите за веѓи се последниот хит во Америка

11 ноември 2013

Девојките како Кара Делевињ, Рита Ора и Лили Колинс дефинитивно на сцената ги вратија дебелите веѓи. Додека порано во мода беа тенките, совршени веѓи, сега се случува сосема спротивното.

Токму овие девојки ги инспирираа козметичарките ширум САД да почнат да го нудат последниот трик за убавина – екстензиите за веѓи!

Вградувањето на влакната на веѓите се одвива на сосема сличен начин како што тоа го правиме со трепките, а истите не изгледаат воопшто наметливо или пак вештачко.

Пред да се одлучите на ваков чекор, мора да знаете точно каков облик на веѓите сакате. Ваквиот третман трае околу 2 часа и според многумина, не е воопшто болен.

Овој третман е вистинскиот за жените кои имаат проблеми со тенки и ретки веѓи, а до сега немале прилика истиот да го решат.

Објавено:
11 ноември 2013
Категорија: 
Убавина