Екстраваганцијата на парфемот Chanel No.5

29 јули 2013

Искрата за создавањето на парфемот Chanel No.5 се случува при средбата на госпоѓата Коко Шанел на која таа го предизвикува парфумерот Ernest Beaux да создаде есенција која ќе одговори на нејзиниот апстрактен и посебен карактер.

Така и се случило да настанe опасна мирисна композиција од цветни акорди на иланг-иланг, роза, јасмин што доведе до уникатна нежност и сензуалност.No.5 беше создаден во арт деко ерата каде се во согласност со модерната и авангардната комплексност на природното и човечкото. Сиот тој емотивен микс и префинетост се почувствува во фантазијата на парфемот на Шанел. Вечната непроменливост на лидерството во светот на мирисот на Шанел No.5 лежи во мистериозноста и недефираноста на мирисните компоненти. Секоја модерна жена која го носи No.5  сака да пренесе порака на светот дека ги обожува само најфините работи во животот, дека инсистира да фасцинира со мирисот на опојната нота.

Тоа своевремено го докажа и најголемата модна дива Мерилин Монро која изјави дека неколку капки Шанел е се што носи во креветот. Нејзината соработка со брендот на No.5 повлече и многу други прекрасни филмски и модни икони цврсто да застанат и да маѓепсуваат со авангардната нота на парфемот како Кетрин Денев во 60тите и 70 тите, Карол Букет во 80тите и 90тите, Никол Кидман и Бред Пит во 2000тите години на векот. Денес Одри Тату повторно ја враќа исконската движечка и магнетска сила. Мирисот на современоста се дефинира како скапа, женствена и убедлива неконвенционална убавина која оплеменува со непроменливите историски поставки на мирисната структура од почетокот на времето до денес.

Шанел No.5 е одраз на ултимативната и неодолива самостојна жена со силна самодоверба и посветеност на животните идеали и едноставно сензуалноста на мирисната композиција станува начин на живот за цела една генерација на модни вљубеници.

Објавено:
29 јули 2013
Категорија: 
Убавина