Ел Макферсон открива како изгледа толку младо и на 52

20 октомври 2016

Познатиот супер модел или позната како The Body, Ел Макферсон е совршен доказ дека и дама во шестата деценија во животот може да изгледа магично.

Иако повеќе не се занимава со манекенство и е целосно посветена на семејството, таа и понатаму изгледа одлично.

Со своите обожаватели таа ги сподели триковите како успева да ја одржи својата линија и да изгледа толку младо.

За магазинот „Haute Living Miami“ таа открива две навики кои заедно со правилна исхрана кои ги смета за најзаслужни за нејзината безвременска убавина. Она што е добро е дека не станува збор за некои скапи и ексклузивни производи, туку за многу едноставни и сосема бесплатни.

„Пијам три литри вода дневно и се трудам секојдневно да спијам барем седум часа. Сонот е нашиот сојузник, додека одмарате телото заздравува, а организмот се ослободува од отровните материи“, вели Ел во интервјуто за магазинот.

Покрај тоа, таа признава и дека редовно вежба за да биде здрава, а се обидува и што повеќе време да поминува во природа.

„Се трудам да бидам активна барем четири часа дневно, без оглед дали станува збор за прошетка во природа, возење велосипед, пливање, планинарење или скијање. Исто така, знам дека мускулната маса ослабува со текот на годините, па затоа верувам во добар тренинг со тегови. Откако ќе завршам со фитнес рутината, се обидувам барем 15 минути да правам стомачни или склекови“, додава манекенката.

Објавено:
20 октомври 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.795 пати