Elena Luka Hair and Makeup Studio: Ова лето нагласете ги очите!

1 јуни 2019

Од денес започнуваме со нов месец. Јуни официјално ни го носи и летото, па се надеваме на уште повеќе сончеви денови во текот на претстојниот период.

Инспирирани токму од летната сезона која ни е на прагот, од студиото Elena Luka Hair and Makeup овој пат даваат акцент на тоа што е актуелно во летните месеци кога е шминката во прашања.

„Трендот на природен изглед на лицето останува и ова лето, па затоа оставете го лицето да дише и истакнете ги најубавите делови. Нашиот предлог е ова лето да ги нагласите очите. Доволно е да имате совршено исцртан ајлајнер, квалитетна маскара и убаво дефинирани, долги трепки и сте завршиле голем дел од работата. На тој начин ќе ги направите очите привлечни, а остатокот од лицето нашминкајте го во нежни тонови.Во лето исто така заборавете на силните и темни сенки. Ако се одлучите за сенка, тогаш таа нека биде во бела или некоја нежна пастелна нијанса. Она што исто така можете да го нагласите се и веѓите. Густите се сè уште во предност“, велат од студиото.

Кога се усните во прашање, нежните кафено-беж нијанси, како и оние розовите, односно коралните имаат предност ова лето. 

Хајлајтерот е уште едно од нештата кои ќе ви помогнат да добиете совршено природен изглед со шминка и притоа ќе му даде и сјај на вашето лице.

„Сепак, не претерувајте. Поентата е да ги нагласите најдобрите делови и да постигнете совршен изглед, а притоа како воопшто и да не сте се труделе да се нашминкате. Токму тоа е и умешноста во шминкањето, да се добие избалансираност во нијансите и козметиката што се користи. Важно е да ја покажете убавината на лицето, кое пред се' треба да е негувано. Исто така, од исклучителна важност е да се користат квалитетни препарати и шминка, што ние секако го овозможуваме. Бидете едноставни, а сепак толку впечатливи!“, порачуваат од Elena Luka Hair and Makeup Studio.

Доколку досега не сте преферирале ваква естетика или не сте сигурни како да ја посигнете, не двоумете се да го посетите салонот, да се консултирате со тимот и да го имате совршено нашминканото, а сепак природно лице.

Повеќе информации за студиото можете да погледнете на линкот ТУКА.

Објавено:
1 јуни 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
729 пати