Еве како изгледа новата колекција за шминка на MAC

20 март 2014

Во ноември MAC го најави создавањето на новата линија за декоративна козметика целосно инспирирана од новиот филм на Дизни „Maleficent“ (Злобната вештерка), каде главната улога ја игра најубавата жена на светот, Анџелина Џоли. Пред некој ден се случи промоција на производите кои ќе бидат дел од колекцијата за шминка.

„MAC Maleficent collection“ , е создадена наменски, едноставно точно да го повтори ликот, но и реквизитите и карактерните особини на Злобната вештерка која ја игра Џоли во новиот филм, чија премиера е закажана за мај оваа година.

Дизајнот и целиот изглед на козметичката линија го отсликува драматичниот, мистериозен и злобен карактер на Џоли. Боите кои преовладуваат се темни, густи и длабоки како црна, црвена и беж. Сенките за очи ги имаат земјените кафени нијанси и црно-сивите тонови, а особено внимание привлекуваат вештачките трепки. MAC Maleficent производите ќе бидат достапни во продавниците од јуни оваа година.

Објавено:
20 март 2014
Категорија: 
Убавина