Еве зошто не треба да се оптоварувате со килограмите

29 март 2014

Австралиското издание на магазинот Marie Claire, направи едно истражување, со кое ќе им помогне на многу жени да го сменат својот став кон килограмите.

Истражувањето е посветено на просечната тежина на жените во таа земја, а резултатите покажуваат дека таа изнесува 69. 4 килограми. За да покажат како таа тежина изгледа на секого од нас, за пример се земени шест жени со различна височина и години.

Резултатите се јасни и впечатливи!

56074_bgm-models-aussie-average-weight-thillini_630x0

Од магазинот објаснуваат дека со ова сакале жените да имаат појасна слика за себе и другите жени и помалку да се оптоваруваат со бројките на вагата. Се надеваат дека исто така со ова ќе се зголеми нивната самодоверба.

Објавено:
29 март 2014
Категорија: 
Убавина