Евтин и ефикасен производ против акни кој го користи и Викторија Бекам

9 ноември 2020

Нема жена што не посакува беспрекорна кожа на лице и тело. Тоа не секогаш е возможно. Некогаш е резултат на генетика, некогаш на промени во организмот, надворешни влијанија и слично.

Но, факт е дека кожата на лицето бара редовна и темелна нега, за да блесне во полн сјај.

Дизајнерката Викторија Бекам неодамна изјави дека дневна нега на лице, козметички третмани и производи троши и неколку илјади евра. Но, дека покрај тоа, користи и еден евтин производ чија ефикасност не можат да ја заменат ниту далеку поскапи производи - јод.

„Јодот го забрзува заздравувањето на раните, одличен антиоксиданс за кожа и препарат за остранување белези како последица на мозолчиња и акни. Неизоставен дел е од мојата нега. Многумина може не се запознаени, но јод е повеќенаменски производ. Освен во медицината, јас сакам да го користам и во козметикчката рутина, а ќе го препорачам и на ќерка ми кога ќе почнат да ја мачат проблеми со мозолчиња и акни. Од него, лицето ми е така сјајно, здраво и чисито, што ретко кој препарат може да го постигне“, вели Викторија.

И навистина, повидон-јодот е одличен во борбата со непријатните мозолчиња и акни.

Како да го употребувате:

Пред се' мислиме на повидон јод за кожа 10%, бидејќи има и повидон јод 8,5% за уста. Десетпроцентниот можете да го користите и нерастворен. Можете да го ставате директно на критичните делови на лицето кои се прекриени со мозолчиња. Ако имате црвени и воспалени акни, исто така, јодот е добро природно решение.

Кај мозолчињата, употребата е прилично едноставна. Првин убаво исчистете го лицето, остранете ја шминката и нанесете тоник. Потоа, на памукче нанесете од јодот, убаво да впие, а потоа секое мозолче посебно поминете го со памукчето на кое има јод, нека остане убава жолта дамка на лицето. Препорачливо е ова да го правите пред спиење. Следното утро, нема да имате многу дамки, затоа што кожата ќе ги впие повеќето. Остатокот можете да го отстраните со некое нежно средство за миење на лицето.

Повидон јодот ги суши мозолчињата, го намалува воспалението и црвенилото. После неколку дена последователно користење, ќе ги видите и резултатите.

Јодот можете да го користите и при проблем со митисери, поткожни акни и за отстранување на белезите од нетретираните мозолчиња кои сте ги стискале. Затоа, најдобро е во иднина да не го правите тоа, туку одржувајте ја негата на лицето редовно.

Сепак, внимавајте и да не претерате, за да не дојде до презаситување на кожата и да стане интолерантна на јод како препарат. Во тој случај, добро е да се направи пауза, макар месец дена.

Има и неколку ситуации кога повидон јод 10% не се препорачува:

-Ако постои поголема чувствителност на повидон јод или некоја помошна супстанца во неговиот состав.

-Кај зголемена функција на тироидната жлезда

-Кај хроничен облик на дерматитис

-При употреба на радиоактивен јод

Секако, пред било што да почнете да користите, консултирајте се со стручно лице. 

Објавено:
9 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.117 пати