Fashionel препорачува: Сетови за нега на плажа по специјални цени

30 јуни 2015

Ако се подготвувате за одмор, а се уште не сте ги посетиле дрогериите Cosmo, побрзо сторете го тоа, затоа што јунските акции траат уште денес. Нашиот предлог за денеска се два одлични сета за нега за тело за време и после сончање.

Најлошиот совет што можете да го добиете е да не користите заштитен фактор. Токму затоа, ние ви презентираме две одлични линии со кои ќе му ја дадете комплетната, потребна нега на телото за време на летниот одмор.

37

Спреј за сончање, средство за пред и после сончање, активатор на меланини, масло за потемнување, вода за интензивен тен и лосион за после сончање се производите кои италијанската козметичка компанија Deborah ги препорачува ова лето. А Cosmo ви ги овозможува по одлични цени.

35

Колекцијата на долгогодишната компанија Top Ten е базирана на маслиново масло што овозможува беспрекорна летна нега. Кремата за лице со заштитен фактор 40, масло во спреј со заштитен фактор 20, млеко за тело со заштитен фактор 40, Carroten спреј со заштитен фактор 46 и лосион за после сончање е сетот што е добитна комбинација на Top Ten за секое лето.

За било кој од производите на Deborah или Top Ten да се одлучите, ќе го направите вистинскиот избор.

Излезете на плажа безгрижни и негувани.

Објавено:
30 јуни 2015
Категорија: 
Убавина