ФитКит со иницијатива #ВежбамОдДома за деца и возрасни

27 март 2020

Во време кога изолација е повеќе од потребна, мобилната апликација ФитКит се приклучува кон иницијативата #СедиДома со креирање на #ВежбамОдДома активности наменети за деца и возрасни.

Со цел да ѝ се помогне на пошироката популација да остане физички активна и во комфорот на својот дом, но и да се подигне колективната свест од потребата за вежбање и во време на изолација, секој ден (освен недела) со почеток од 17 и 19 часот, тимот на ФитКит, подготви серија на онлајн часови во живо со твоите омилени фитнес инструктори.

Онлајн тренинзите се бесплатни и истите можат да се следат на Instagram и Facebook профилите на ФитКит. Секако, ја има и можноста да поставиш прашање до инструкторот, што ќе биде одговорено за време на тренингот.

Ако пропуштиш тренинг, сите видеа ќе бидат достапни на фан страните на ФитКит апликацијата, па ќе можеш да вежбаш со нив кога и да посакаш.

А како родител, за полесно да ги пребродиш деновите во карантин заедно со твоите деца, како дел од иницијативата #ВежбамОдДома, вклучени се и онлајн тренинзи за најмалите.

Целта е преку оваа бесплатна занимација, децата да ја стекнат навиката за вежбање уште од мали нозе, да вежбаат, да танцуваат и да се едуцираат со фитнес инструктори што ќе бидат маскирани во нивните омилени цртани ликови.

Детските тренинзи се достапни на социјалните платформи на ФитКит, секој работен ден од 11 часот наутро и ветуваат многу забава заедно со твоето дете.

А за да биде уште попродуктивен периодот дома и за да стекнеш нови сознанија и да се отворат нови перспективи, екипата на ФитКит подготви #ВежбамОдДома talk show. Станува збор за едночасовна Q&A сесија со експерти од различни области.

Едукација на теми поврзани со фитнес, или здравје, личен развој, спортска медицина, исхрана, но и поставување прашања до експертот за што ќе добиеш одговор во рамки на видеото во живо.

А штом епидемијата ќе помине, тимот на ФитКит те очекува на повторна дружба во твојот омилен фитнес центар. 

Се до тогаш, чувај се и остани здрав и фит!

ФитКит е мобилна апликација која помога во мисијата да водиш здрав и активен животен стил. Преку оваа апликација, можеш да купиш тренинзи за повеќе од 250 активности во над 150 различни фитнес центри во земјава. Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Објавено:
27 март 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
360 пати