Фото: Кога се шминкаме сами и кога нè шминка професионалец

8 јули 2020

Во многу случаи се покажало дека маѓијата е во деталите. Така е и кога е во прашање шминката.
Токму малите финеси имаат голема улога во дефинирањето на разликата, а руската мејкар артистика Јулија Исмаилова, преку својот проект во кој вклучува споредба на фотографии кога девојката се шминка сама и кога ја шминка професионалец, го потврдува тоа.

Таа во својот проект вклучила 30 девојки, односно нивни фотографии каде што самите се нашминкале со едноставна, секојдневна шминка и ги споредила со фотографии каде истите девојки ги нашминкала таа, повторно во неутрален и природен тон.

Фотографиите ги објавила на Инстаграм, а разликата е евидентна.

Иако се во прашање мали корекции, сепак ефектот е очигледен. Мејкап артистката преферира природен и ненападен изглед, па затоа користела суптилна шминка која вклучува основна подлога, корегирање на недостатоците, тенка лнија со моливче за очи, малку руменило... И резултатот е природен и свеж изглед.

Фото: Bored Panda

 

Објавено:
8 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
13.119 пати