Фризер ги праша следбениците на Инстаграм: Зошто ја сакате токму оваа фотографија - еве ги одговорите

5 мај 2021

Крис Еплтон е еден од најпознатите стилисти за коса, чии клиенти се Џенифер Лопез, Дуа Липа, Ким Кардашијан.

Пласирајќи ги нивните фризури и промени во изгледот, тој воедно и посочува на тоа што ќе биде тренд.

Но, неодамна објави фотографија под која имаше интересен опис.

На фотографијата беше Ким Кардашијан, а Еплтон напиша:

„Оваа моја фотографија на Ким доби најмногу лајкови. Ме интересира зошто најмногу ви се допадна? Според мене, тоа е сјајот“, се вели во објавата.

Но уште поинтересни се одговорите кои ги доби.

Многумина се согласија со тоа дека нејзината коса изгледа фантастично, како и дека шминката е сосема ускладена со остатокот од изгледот.

„Бојата на коса одговара на нејзиниот тон на кожата, изгледа здраво“, „Ми се допаѓа сјајот на нејзината коса и шминката, неверојатни се“, „Си направил одлична работа, си ја истакнал нејзината природна убавина“, „Тоновите се одлични“, „Оваа нијанса за бринети е се' што ви треба“, „Изгледа прекрасно, природно“, се дел од бројните коментари.

Но, она што нам ни го привлече вниманието се не така малиот број коментари во контекст на нејзиното фотошопирано лице:

„Жешка е, но нејзиното лице е фото-шопирано“, „За мене, тоа е фотошопот“, „Целото семејство, нивниот бренд е изграден на фотошоп, екстензии и прават неприродно природен изглед“, “суптилноста на нејзиниот фотошоп“ се некои од саркастичните и критички настроени коментари.

Повеќето се согласија дека оваа боја на коса многу подобро ѝ стои отколку црна, црвена или руса, а Еплтон не случајно ја истакна, бидејќи овaа чоколадна нијанса е една од најпопуларните и за актуелната сезона.

Па, ако барате промена на фризура, можеби ова ќе ве инспирира, без оглед на лицето на Ким. 

 

Објавено:
5 мај 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
10.861 пати
Тагови: 
Ким Кардашијан