Фризер советува: Наместо да ја криете, истакнете ја седата коса!

4 јуни 2020

Фризерот Џек Мартин кој има свое фризерско студио во Калифорнија, пред три години имал интересно искуство кое го променило начинот на наговата работа.

Негова клиентка, пензионерка, тогаш дошла кај него со идеја, целата коса да ја обои во седа нијанса, односно во нијансата на нејзината природна боја на коса, со цел да заштеди време и да не ја бои постојано на неколку недели, како што правела дотогаш. Фризерот го прифатил предизвикот, а резултатот бил воодушевувачки. Фотографиите пред и потоа, станале вирални, а јавноста се одзвала со многу позитивни коментари.

Оттогаш, тој на своите клиенти кои имаат природно седа коса, им препорачува да ја користат оваа „финта" со што наместо на секои 4-5 недели, косата ќе ја обојуваат само 2-3 пати годишно, притоа укажувајќи им наместо да ја кријат, да се охрабрат да ја истакнат својата седа коса.

„Моите клиенти со природно седа боја на косата, сега доаѓаат два до три пати годишно за да ја обојат, наместо на неколку недели, како што правеа претходно", истакнува фризерот за Bored Panda.
Слободата која што доаѓа со ваквиот имиџ, е непроценлива.

Разликата е очигледна.

Фото: Bored Panda

 

Објавено:
4 јуни 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
25.398 пати
Тагови: 
седа коса коса