Фризерот на Џеј Ло открива како до совршено кадрава коса каква што има таа

10 ноември 2020

Крис Апелтон е еден од најпознатите британски стилисти. Неговиот список на познати личности со кои соработува е навистина долг, но Џенифер Лопез е една од најстарите клиенти, која својата коса комплетно му ја доверува.

Често добивал прашања од жените како да постигнат совршено кадрава коса, каква што Џенифер Лопез често има, а тој конечно одлучи да ја сподели тајната на својот Јутјуб канал.

Всушност и нема посебна „философија“, освен квалитетен препарат за кадрава коса.

Имено, тој ги примени сите чекори кои ги практикува и кај Џеј Ло кога ѝ ја прави оваа фризура, кај сосема непозната девојка, а резултатот е фантастичен.

Целото видео е во продолжение, а ние обрнуваме внимание на неколку чекори:

На убаво измиената коса, нанесува средство за убаво формирање кадрици, кое не е лепливо и со него го поминува секој прамен, виткајќи го малку со прстите.

Потоа, се користи со фен кој има дифузер и почнува постепено да ја суши косата. За да не се разлетува, на моменти напрскува соодветно средство за коса и продолжува да ја суши косата додека не стаса до комплетно формирани волуменозни кадрици.

За да го зголеми волуменот уште повеќе, советува косата неколку пати да се „протресе“ со главата (одоздола нагоре) и да се одреди патецот на кој сакаме да ја носиме.

Погледнете и сами:

 

Објавено:
10 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.523 пати