Фризури кои ѝ штетат на косата, а жените често ги носат

7 август 2020

Веруваме нема жена што не сака да има здрава и сјајна коса. Во желбата да изгледаме што подобро и модерно, жените често прават експерименти и разни промени на косата.

Не сите се добри за нејзиното здравје.

Постојат четири фризури кои можете секојдневно да ги сретнете на случајни минувачки, уште повеќе во медиумите и социјалните мрежи, а веројатно и самите ги правите, но кои ѝ нанестуваат повеќе штета отколку добро на вашата коса.

Еве кои се:

Коњско опавче

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by AlishaMarie (@alisha) onAug 6, 2020 at 10:43am PDT

Една од наједноставните и најчестите фризури, за кои ни е потребно многу малку време, но штетата што може да ја предизвика може да е голема. Врзувањето ластиче на ист дел од главата неколку пати неделно и уште повеќе, прицврстувањето, го поттикнува кршењето на косата. Затоа, никогаш не врзувајте ја секој ден косата на тој начин и преферирајте спирални „ластичиња“ кои не ја оштетуваат косата.

 

Мокра коса

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MAJA KMIECIK (@maja.kmiecik) onAug 1, 2020 at 5:23am PDT


Влажната коса е многу поподложна на кршење од сувата. Ако сакате да ја копирате мошне популарната „мокра фризура“ нанесете пена на коса, со која ќе направите имитација на влажната текстура  и прицврстете ја косата по ваш избор користејќи гумени ленти или шноли кои нема да ја оштетат косата.

 

Плетенки

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by hairtexture (@dutch_braids_mobina) onAug 7, 2020 at 5:34am PDT

Нема девојче што не сака плетенки, а со оглед на тоа дека се тренд секоја сезона, станаа омилени и кај возрасните. Но, исто како и кај коњското опавче, не стегајте ја косата премногѕ и не носете премногу често плетенки. Особено не легнувајте со мокра коса исплетена во плетенка.

 

Сосема рамна коса


 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Izzy McNally (@izzy_mcnally_hair_) onJul 31, 2020 at 1:55am PDT

Речиси и да нема жена која не посакала да има сосема рамна коса. А за таква фризура најчесто се користат преси за коса. Топлината на пресата влијае на косата, ја прави послаба и кршлива. За да ја заштитите, користете спреј за оваа намена, кој ќе го користите пред употреба на преса.

 

 

Објавено:
7 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.161 пати