Стилот од 1940-тите е инспирација за бројни дизајнери и во денешно време. Гламурот на оваа декада предизвикува воодушевување, но не само кога е модата во прашање. Фризурите од овој период неретко ги гледаме на црвените килими и денес.

Ава Гарднер, Лана Тарнер и Рита Хејворт ги популаризираа волуменозните кадрици, како и пунџите. Во 1930-тите повеќе се носеше брановидна коса, за веќе во 1940-тите во центарот на вниманието да бидат оформени кадрици.

Како што кај облеката постојат безвременски парчиња, и кај фризурите постојат трендови чија актуелност не бледее. Стилот од 1940-тите веќе стана класика и поим за гламурозност, по кој секогаш ќе се посегнува.

Објавено:
11 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
760 пати