Фризури што се создадени за дами со тенка коса

20 март 2019

Ако сте од оние кои имаат тенка коса, најверојатно во многу наврати сте имале проблем да ја средите или пак да ѝ дадете волумен.

Овој текст ќе биде ваша инспирација за тоа кои фризури би ви прилегале добро доколку сте од овој тип на дами кои целиот живот се борат со тенкото влакно.

Потребно ви е само малку храброст оваа пролет да блеснете со нова, кратка фризура за која долго време размислувавте.

Токму оваа фризура совршено ќе им прилега на дамите со тенка коса и никогаш повеќе нема да треба да поминете часови пред огледалото пред некој важен настан.

 

Подеднакво добро ќе ви прилега и познатата боб фризура во должина која вие ќе ја одберете, а истовремено ќе бидете тренди бидејќи таа сè уште е една од најпосакуваните.

За дополнителен волумен, косата исчешлајте ја на страна, а доколку сте од оние кои сакаат долга коса, тогаш обидете се да најдете некоја шик фризура на степени.

Визуелно, прамените се исто така супер трик за да внесете свежина и да направите косата да ви изгледа волуменозно и лелеаво.

Уште еден трик се шишките кои на супер начин ќе ги нагласат цртите на вашето лице, а особено очите.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
20 март 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
6.739 пати