Фризури во панк фазон

6 мај 2014

Сезонава направете голем чекор во промената на изгледот со нешто сосема поинакво. Доколку сакате драстична промена, тогаш ние ќе ви предложиме фризура во панк фазон. Иако ова движење својата популаризација ја доживеа во далечните седумдесетти години, сепак и  денес е инспирација за голем број колекции, едиторијали и трендови.

Овој пат приказната продолжува на едно сосема ново ниво – женски фризури, но не во познатата типична четка фризура, туку софистицирана верзија, адекватна за секојдневно функционирање. Во однос на ефектот кој сакате да го постигнете, можете да си поиграте со должината на косата, страничните прамени и нијансирањето на косата. За дополнителна инспирација, погледнете ги фотографиите во продолжение.

Објавено:
6 мај 2014
Категорија: 
Убавина
Тагови: 
фризури панк