Го користиме ли средството за дезинфекција на раце правилно?

23 јули 2020

Уште на почетокот на пандемијата на Ковид -19 ширум светот, препораките беа да се носи заштитна маска за лице и да се мијат рацете и тоа 20-тина секунди, а истите се' уште важат.

Покрај тоа, кога не сме во можност да ги миеме рацете со сапун, тука се средствата за дезинфекција на база на алкохол.

Тие станаа дел од нашето секојдневие, но ги користиме ли правилно.

Една од најчестите грешки е недоволно нанесување на средството на раце. Треба да се има предвид да се нанесе доволно на двете дланки.

Кога ќе нанесете доволно средство за дезинфекција на раце, потрудете се да го протриете доволно долго за да ја го поминете секој дел од дланката, вклучувајќи ги и просторот меѓу прстите. Светската здравствена организација пак, препорачува „миењето“ со средство за дезинфекција да трае најмалку 20-30 секунди.

Непокривањето на цела длнака со средство е ризик. Томас Русо, од Универзитетот Бафало во Њујорк, го објаснува тоа на сликовит начин.

„Ставаме сдредство на дланка, ги триеме прстите, нивните врвови, но не и другата страна на прстите, или просторот помеѓу пристите. Притоа, луѓето често не чекаат средството да се исушти, туку веднаш посегнуваат да допрат некој предмет, а така само се брише средството и ништо не сме направиле“, објаснува тој.

Ако на рацете имате прашина или маснотија, средството за дезинфекција нема многу да помогне, тука најдобар сојузник ќе бидат водата и сапунот. Така, средството за дезинфекција не е воопшто замена за сапун и вода, туку тоа само го забавува потенцијалното ширење на вирусот (ако правилно се користи), но не смееме да се потпреме само на тоа. Нема ништо поделотворно од миењето раце со сапун.

Објавено:
23 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
675 пати