Го сакам најтенкиот струк на светот

10 јуни 2013

Младата Мишел Корбке успеа да го намали обемот на половината од 64 сантиметри на само 40 и тоа носејќи корсет секој ден во текот на три години, па дури и кога спие.

И покрај тоа што има потесна половина во однос на поголемиот број професионални модели, Мишел вели дека целта ѝ е да дојде до 38 сантиметри. Нејзината цел е Гинисовата книга на рекорди, а доколку успее да дојде до саканата ширина на струкот, ќе го дели првото место со Американката Кети Јунг, која ги има токму тие димензии.

Иако обемот на нејзината половина секојдневно ги шокира минувачите, оваа жителка на Берлин се смета за совршено женствена.

Објавено:
10 јуни 2013
Категорија: 
Убавина