Годините не се граница за малку повеќе боја во животот: 50+ госпоѓи со кул нијансирани фризури

13 август 2019

Возраста треба да ги проширува хоризонтите, а не да ги ограничува... И тоа важи во секој сегмент од животот.

Во суштина, многу побитен фактор е индивидуалната перцепција на нештата, а не годините. Па во тој контекст, не постои стил, боја или фризура која одговара односно не одговара на одредена возраст, туку сè е сведено на индвидуално ниво, односно е или не е соодветно на личноста.

Затоа со денешниов пример ќе укажеме на тоа дека колоритни фризури, што вклучуваат неконвенционален избор на нијанси, може да изгледаат перфектно и во имиџот на дамите +50, се разбира ако нивниот животен стил и карактер го поддржуваат ваквиот избор.

Седата коса е совршена подлога за интензивни нијанси. 

Фотографиите во продолжение уверуваат во тоа.

Фото: Инстаграм, @blondieshair

 

 

Објавено:
13 август 2019
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
642 пати