Готвачот на Џеј Ло сподели како пејачката дошла до совршеното тело

21 мај 2020

Сите би сакале да изгледаме како Џенифер Лопез на 50 години. Но, изгледот како нејзиниот бара дисциплина, вежбање и здрава исхрана. И секако, сето тоа да го распределите во рамките на својот буџет.

Нејзиниот готвач, Келвин Фернандез откри дел од нејзините здрави навики, со кои го постигнува саканиот резултат, прочитајте ги во продолжение:

„Во кујната секогаш ќе најдете минерална вода и многу зеленчук и овошје, посебно јагоди. Џеј Ло не е голем љубител на овошје, а децата го обожуваат. Алекс Родригез на пример, сака кога денот ќе му започне со зелено смуди од многу зеленчук. Лопез, Родригиез и нивните деца, најчесто појадуваат јајца, а сланината е задолжителен дел од тој оброк. Понекогаш знаат да се одлучат за пилешко или колбаси, но задолжително со јајца. Посебно им се важни белките. Тие се тим кој многу добро знае кога што се јаде“ - објаснува готвачот за „Ју-Ес Викли“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onMay 15, 2020 at 4:43pm PDT

На децата им е дозволено да посегнат по некоја не така здрава „грицка“, додека на нивните родители тоа речиси и да им е забрането. Но, постои нешто на што целото семејство не може да одолее:

„Тоа е мексиканската кујна. Еден ден во неделата задолжително е посветен на таквата храна. Наречен е „такос ден“.

Меѓутоа, кога пејачката ја очекува некој посебен настан, како што беше на пример финалето на „Супер боул“, тогаш се придржува на друг тип исхрана.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onFeb 8, 2020 at 2:20pm PST

„Нејзината тајна е во спартанската дисциплина. Таа е во состојба да грицка белка од јајце или да бдее над чинијата со салата додека остатокот од семејството јаде вкусна храна и не ѝ пречи да ги гледа. Додека се подготвувавме за „Супер боул“, во појадокот, ручекот и вечерата морав да ги вклопам и едноставните и комплексните јаглехидрати. Џенифер се хранеше со белки со три различни видови зеленчук секое утро“, споделува готвачот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onMay 3, 2020 at 8:18am PDT

 Тој додава дека зеленчукот е нешто без што таа не можела да си го замисли денот, а омилени ѝ се краставиците, целерот и спанаќот. Пие и неизмерно количество минерална вода.

„Многу е упорна. Кога нешто ќе замисли, тоа мора да го оствари. Кога сака нешто здраво, строго се придржува кон тоа. Таа вежба четири пати дневно и тоа секогаш наутро, бидејќи тогаш има најмногу волја, а најчесто во друштво на личен тренер“, вели Фернандез.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onDec 6, 2019 at 7:01am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onFeb 1, 2020 at 12:02pm PST

Кружни тренинзи, кик-бокс, танц... пејачката не поднесува рутина, па ги комбинира различните вежби секоја недела. А кога на тоа ќе ја додадете и здравата исхрана, богата со протеини и влакна, како што објасни и готвачот, резултатот ќе се јави мошне брзо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onSep 3, 2019 at 10:01am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onAug 2, 2019 at 9:07pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJun 3, 2019 at 8:31pm PDT

 

 

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
10.565 пати