Гучи најави есен во знакот на темните нијанси на шминка

29 септември 2014

Челните лица на Гучи најдобро знаат дека универзалната формула за успех во голем дел зависи од професионалните фотографии. Пред се мора да спомнеме дека за новата колекција шминки беа ангажирани мејкап артистот Пат Мекграт, а како заштитно лице во кампањата  Шарлот Казираги. Секако за целосен успех, за сликање беа ангажиран познатото фотографско дуо Мерт и Маркус.

Од вчера на официјалната страна на модната куќа беа објавени четири фотографии на кои акцентот е ставен на новите козметички производи, а од тоа што можеме да го видиме, Гучи најавува есенска сезона во знакот на темните нијанси и тоа како во однос на сенките, така и за кармините за уста.

gucci-cosmetics-2014-ad-campaign-2

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Убавина