Gym Skin: Нов тренд за убавина што го освои светот!

3 јуни 2016

Ефектот на благо мокра коса, румени образи и минимално присуство на шминка, се трендовите кои ги освоија девојките ширум светот со доаѓањето на летото.

Вашата кожа е најдобар показател за тоа во каква состојба е вашиот организам, поради што би требало секогаш да се обидете да имате неколку часа добар сон, урамнотежена исхрана и да консумирате многу течности.

Веќе знаете дека во текот на летото речиси и да не користиме шминка, а оваа сезона токму тој тренд ќе биде нашата олеснителна околност.

Целосно природниот тен со малку сјај и руменило на лицето, со кој ќе изгледате како штотуку да сте излегле од салата за вежбање е она што се бара ова лето.

Големите брендови меѓу кои и Клое, Џамбатиста Вали и Гучи, на нивните ревии го покажаа токму овој тренд кој на девојките навистина им се допадна.

Ниту една од манекенките на лицето немаше ајлајнер, маскара ниту пак моливче за очи. За да го постигнете овој ефект во домашни услови, ќе ви требаат само неколку производи, меѓу кои и хајлајтер, серум со светкав прав, нежно руменило и хидратантна крема.

Пред да ги нанесете производите, освежете го лицето со хранлива маска, а откако ќе ја извадите маската, добро измијте ја кожата и измасирајте ја.

Веднаш потоа нанесете хидратантна крема, па сето останато во пределот на челото, носот, брадата и над веѓите.

Доколку имате некои неправилности на лицето кои сакате да ги сокриете, обидете се тоа да го направите со внимателно одбран коректор.

Иако коректорот воопшто не влегува во изборот на производи за постигнување на овој ефект, сите сме свесни дека постојат некои неправилности од кои мораме да се решиме.

Уживајте во летото со целосно природен изглед!

Објавено:
3 јуни 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.485 пати