Хелена Роза: HIFU методата е задоволство што треба да си го дозволи секоја жена

13 мај 2019

HIFU Ultraformer е најновата метода на не-хируршки лифтинг во светот која работи на фокусирана ултразвучна енергија која продира во длабочината на кожата и го ресоздава колагенот при што целосно го враќа младешкиот изглед на кожата.

По враќањето од Нов Зеланд, Хелена Роза го одбра токму овој третман што можете да си го дозволите во салонот на Силуете како прв што ги следи светските трендови и секогаш може да се пофали со најновите машини.

Таа ќе каже дека HIFU третманот е задоволство што треба да си го дозволи секоја жена, бидејќи станува збор за исклучителна метода што е целосно не инванзивна и која воопшто не ја оштетува кожата.

„Јас знам за оваа метода уште пред година ипол и додека живеев во Нов Зеланд, гледав кои се цените во тамошните салони и искрено беше навистина скапо и беше многу интересно што неколку недели пред да дојдам Мелина и Силуете објавија дека оваа метода е донесена во нивниот салон и бев пресреќна. Буквално, од авион дојдов во Силуете да си направам HIFU, и сум презадоволна. Јас сум поборник на природната убавина кај жената, нека не ме сфатат погрешно моите колешки или пријателки или луѓе кои ставаат ботокс или филери. Немам ништо против тоа, секој со својата желба, но јас сакам тоа во мојот живот да го оддолжам што е можно повеќе. Додека сето тоа можам да го направам по природен пат, секако науката напредува и постојат многу нови машини за тоа, јас ќе го правам тоа така. HIFU методата е природна метода, влегува длабоко во третиот слој на кожата, ти го подмладува лицето, го активира колагенот да работи на начин на кој работел можеби кога си имал 20 години. Со подигнување на колагенот, се подигнува кожата и се добива посвеж изглед и јас сум навистина многу задоволна, иако не се поминати ниту месец дена откако ја направив. Велат дека најдобрите резултати доаѓаат два до три месеци откако ќе се направи третманот, затоа што тоа е процес. Тоа не е инекција која што има моментален резултат, туку треба време“, вели Хелена.

На прашањето каква е процедурата кај HIFU методата и како истата се изведува, Хелена нагласува дека најважно е тоа што истата е навистина природна и не се чувствува никаква болка.

„Мислам дека се прави два до три пати, секако во зависност од староста на жената, колку е опуштена кожата, потребите, желбите и сè останато. Убавината е во тоа што за разлика од сите тие инекции што траат неколку месеци, HIFU методата трае две до три години што е прекрасно. Кожата се стимулира природно, се задржуваат цртите на лицето што мене ми е многу важно, бидејќи јас сакам да бидам Хелена Роза кога ќе се погледнам во огледало и никој друг“, додава таа.

По завршувањето на методата се чувствувала прекрасно, иако очекувала дека можеби ќе биде малку болно.

„Јас очекував дека ќе биде болно, но не. Има некое „пецкање“, но не е нешто што не се издржува. Интересно е што по два три дена, чувствуваш дека лицето „работи“, дека навистина се случува нешто, но тоа секако не е нешто неприродно што го чувствуваш долго време“, вели Хелена.

Иако го знаевме одговорот, сепак ја прашавме дали е можно да се направи споредба на цените на оваа метода во Нов Зеланд и тука, на што таа одговара:

„Не може да се направи споредба, бидејќи разликата во цената е огромна. Кога таму ќе решите да правите HIFU, треба да се прашате дали да си направам ваков третман или да си купам нов автомобил. Споредбата е таа. Оваа метода таму во етаблирани салони како Силуете чини некаде околу 5.000 долари, додека тука цената е значително пониска и можете да си ја дозволите. Просечна плата во Нов Зеланд е околу 3.000 долари, значи тоа е веќе плата ипол, што е сериозна сума на пари. Методата секаде е иста, машината е таа, резултатите се исти каде и да го направите овој третман“.

Сосема на крај, поразговаравме и за тоа зошто жените да ја одберат оваа метода и зошто истата да ја направат во салоните на Силуете.

„Јас мислам дека задоволна жена е среќна жена. Кога велам задоволна мислам секако да биде задоволна, и социјално, и сексуално, но и изгледот е многу важен, бидејќи ние жените имаме потреба да се допаднеме, барем повеќето од нас. Особено сакаме да бидеме убави поради другите жени и поради нас самите. HIFU методата е едно задоволство што треба да си го дозволи секоја жена, доколку сака и долку смета дека треба. Убаво е затоа што не е ништо вештачко, ништо не вбризгуваш во твоето лице, го задржуваш изгледот, се чувствуваш многу помладо од она што си, ја снемува уморноста на лицето, а сепак си ти, ти. Го задржува вашиот идентитет, а тоа е она што јас го сакам. Жена која сака да биде задоволна и мисли дека сè уште не ѝ се потребни екстремни корекции на нејзиното лице, апсолутно треба да си ја препушти оваа метода. Од медицински аспект, нема старосна граница за овој третман, бидејќи на никаков начин не ја оштетува кожата“, завршува Хелена.

*Комерцијален текст

Објавено:
13 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.528 пати