И парфемот се бира според пригодата

9 јануари 2014

parfem

Улогата на парфемот во современото време е сосема поразлична од онаа изворната - да ги поттисне непријатните мирис. Добар мирис денес помага да го заокружите комплетниот изглед, без оглед на тоа дали го носите преку ден или ноќ.

Изборот на одреден парфем може многу да каже за вашата личност. Но, иако можеби не сте помислиле на тоа, парфемот не се бира само според вашиот карактер и вкус, туку и според пригодата. Дознајте кога е добро да мирисате на свежина, кога на овојше, на ориент...

Цветни

Најпопуларни се, затоа што мирисаат пријатно, можете да ги ставате во секоја пригода и вво секој дел од денот. Најчесто содржат мирис на еден цвет, а често мирисаат и на цел букет најразлични цвеќа. Најбараните се оние во кои доминираат роза, лаванда или гарденија, во различни односи. Цветните парфеми се препорачуваат и за пригодите кога сте во романтично расположение.

Овошни

Најмногу ги сакаат жените кои се често надвор, во движење, а омилени се нотите на праска, манго, јаболка и зрнастото овошје. Стручњаците велат дека овие мирисни ноти се погодни за романтична вечера или дружење со најдобрите пријатели. Исто така, бидејќи се „силни“, не треба да се претерува со количеството. Доволно е овошниот парфем да го ставите на врат и малку да го протриете на зглобовите на рацете.

parfem1

Цитрусни

Моќни се! Направени до посебни мешавини на портокал, лимон и други цитрусни ароми, добри се за сите дневни пригоди, а особено наутро, затоа што на почетокот на денот ќе ви внесат енергија и свежина. Цитрусниот парфем можете да го напрскате дури и кога одите на трчање, ако спаѓате во оние личности на кои им е важно во секоја пригода да бидат „на ниво“. Идеални се и за забава со пријателите...

Ориентални

Силни се, раскошни и веднаш асоцираат на богатство и егозтичен Ориент. Овие женски мириси се одличен избор за вечерни излегувања, затоа што се поинтензивни, егзотични и мошне женствени. Ориеталните парфеми подразбираат ноти на мошус, смола амбре кои ќе во воздигат во посебни пригода. Со оглед на интензитетот, не претерувајте кога се прскате.

Perfume

Мирис на океан и свежина

Не постоеја пред 1991 година, кога за првпат ги претстави Кристијан Диор. Свежи се, лесни, чисти и прават да мислите на ден поминат покрај бистра вода или океан. Нежни се, но сепак доволно впечатливи, па се одлично решение за деловни состаноци, средба со клиенти или за секој пат кога сакате да оставите добар впечаток на некого. Ставете океански парфем кога ќе ги запознавате неговите родители. Овие парфеми обично се мешаат со цитрусни или зачински ноти, па се и прилично мажествени.

Дрвенести

Тие прават да мислите на мирис на бор или сандаловина, и најчесто се работи за унисекс парфеми. Добар избор се за канцеларија или било кое друго деловно опкружување. Носете ги во текот на денот, но и кога одите на случувања кои имаат врска со работа, а се случуваат доцна попладне.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Убавина