Идеи за микс на мат и сјаен маникир

28 јули 2016

Новите трендови во светот на убавината ова лето акцентот го ставаат на миксот на мат со сјаен маникир.

Мат маникирот е особено добредојден кај жените кои се на таква функција која не им дозволува големи отстапки и експериментирање со ноктите, па секогаш за чист, неутрален и елегантен изглед на нивните нокти, се одлучуваат токму за мат маникир.

Но, покрај тоа мат маникирот стана ултра популарен тренд, па видовме негови различни модификации: честопати комбиниран или со уметнички текстури и дезени или во микс со сјајни текстури.

Во продолжение ве инспирираме со неколку интересни начини како да комбинирате мат и сјајни текстури во вашиот маникир.

 

Објавено:
28 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
861 пати