Има пет години и неверојатен талент за фризури

7 јули 2016

Повеќе деца на пет години си играат и фантазираат за многу обични и необични нешта, Магнолија прави фризури. И не мислиме на плетенчиња или „кикички“ што веројатно се асоцијација за детски фризури, туку вистински фризури што би ги носеле и возрасните.

Талентот го наследила од мајка си, која е стилист-едукатор, Џени Стриб, а на Инстаграм од ден на ден има сѐ повеќе следбеници, благодарение на видеата што ги става.

Можеби ќе си речете дека фризурите и не се кој знае што, но ако земете предвид дека Магнолија има само пет години и одлично работи со рацете, ќе се согласите дека нејзиниот талент е прилично импресивен.

Во продолжение погледнете неколку видеа и уверете се.

 

Објавено:
7 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.341 пати