Имате колешка на која секогаш ѝ студи? Прочитајте зошто е тоа така

22 октомври 2021

Со почетокот на студените денови, сигурни сме дека и во вашата канцеларија се водат дебати дали климата треба да грее повеќе или да се изгаси. 

Секогаш постои колешка (или повеќе) на која секогаш ѝ студи. Можеби и вие што читате сте меѓу нив.

Бидејќи и во нашата канцеларија е така, се обидовме да најдеме зошто некому му е постојано студено, а на друг не, притоа одговорот да не биде - „Лоша циркулација“.

Наидовме на едно истражување кое вели дека жените најчесто произведуваат помалку телесна топлина од мажите. Исто така се вели дека доколку имате централно греење на работното место, подобро е да се прилагоди температурата да им одговара на потребите на жените, бидејќи така ќе се заштеди повеќе енергија (во секој поглед).

Деловните згради во светот се придржуваат (или барем би требало) на стандардите за внатрешни температури утврдени со модел кој во 1960-тата го развило Американското друштво на инженери за греење, ладење и климатизација. 

„Моделот се темели врз основа на податоците за топлина на воздухот, брзината на воздухот, релативна влажност, облеката и брзината со која нашето тело произведува топлина или попознато како метаболизам, со цел да се создаде рамнотежа помеѓу топлината на телото и околината. Сепак, анегдтоските докази укажуваат на тоа дека жените многу почесто се смрзнуваат од мажите“, вели Борис Кингма, биолог од холандскиот Медицински центар од универзитетот Мастрихт и еден од авторите на истражувањето.

Иако истражувањето открива дека мажите и жените сакаат да престојуваат на пријатни 23 степени, студиите покажуваат дека жените преферираат далеку потопла атмосфера (околу 25 степени и повеќе) за разлика од мажите (22 степени)

Кингма вели дека причината за тоа може да се бара во тоа што женските тела произведуваат помалку топлина од мажите. Во просек, жените се поситни од мажите и со тоа имаат помалку мускул, а повеќе масти (а мускулите произведуваат повеќе топлина од мастите).

За да видат дали додавањето на податоците за женскиот метаболизам ќе ја смени оптималната внатрешна температура, Кингма и неговите колеги го измериле метаболичкиот степен на група од 16 млади жени кои работат во канцеларија и најчесто седат.

Со ова откриле дека нивото на метаболизмот е пониско од оние кои се користени за пресметка на стандардните вредности за моделот од 1960-тите. Со други зборови, стандардните температури биле прениски, a мажите имаат побрз метаболизам, а со тоа и побрзо произведуваат топлина.

Научниците се повикале на замена на стандардните в редности со реалните.

„Освен полот, стандардните температури треба да ги земат предвид и возраста и телесната големина на луѓето, како и работата која ја вршат, односно дали се физички активни или не“, порачуваат Кингма и колегите.

На ова ќе го додадеме податокот дека жените имаат постудени екстремитети од мажите. На голем број жени стапалата често им се мраз. Тоа го покажала и студијата објавена во американкото медицинско списание The Lancet - женските раце и нозе се за неколку степени постудени од машките.  

Сега имате и научен одговор кога некој ќе негодува околу тоа зошто ви студи :)?

Објавено:
22 октомври 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.557 пати