IMG_001

Индијките отсекогаш посветувале голема грижа околу негувањето на телото, а векови наназад кај Европјаните е популарен трендот познат како “индијска сауна”. Доколку сакате да го испробате, еве што е потребно да направите. Прво истуширајте се со гел или сапун кој е полн со етерични масла. Почнете со млака вода, потоа со врела и на крајот преминете на ладна. Избришете го телото нежно со крпа за бришење и нанесете на лицето и телото цедено маслиново масло. Полека масирајте и почекајте додека маслото се впие во кожата. На она место каде маслото е тотално апсорбирано, значи дека кожата е посува. Почекајте 20 минути и за тоа време наполнете ја кадата со топла вода и во неа ставете 3 лажици морска сол и 2 лажици јаболков оцет. Додека одмарате во кадата, со нежни движења поминувајте низ телото со сунѓерот, со цел да го отстранете маслото од вас.

Овој третман најдобро би било да го направите пред легнување, за кожата да има време да се рехабилитира по отварањето на борите.

Објавено:
29 април 2013
Категорија: 
Убавина