Инспирирано од Queen's Gambit: Ова е најпопуларната боја на коса за 2021

24 февруари 2021

За најпопуларните фризури кои ќе ја обележат годинава, зборувавме неколку пати - шишките се враќаат, 80-те го заземаат своето место меѓу трендовите, а класичниот боб и сите негови варијанти, цврсто го држат високото прво место на популарност. Но, во која боја ќе бидат обоени сите овие фризури сезонава? 

Црвена! Една од омилените бои меѓу влијателните модно-освестени дами е токму црвената и сите нејзини варијанти. Експертите советуваат, црвената боја на коса да се избира согласно тенот на лицето, за да довиете одличен ефект. Па така, студените нијанси како вишња, бордо и боја на домат, одговараат на дами со сино-розеникав или маслинест тен на лицето. Топлите нијанси како бакарна и црвенкасто-златна, треба да ги одбираат жените со жолтеникав тен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by flaming reds (@r3dg1rls)

Една од нијансите која колор-експертите ја издвојуваат како омилена меѓу дамите е strawberry blond или русокоса јагода. Станува збор за комбинација на руса и портокалова.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emma Roberts (@emmaroberts)

Без разлика која е вашата нијанса, и дали ќе ја бојадисувате за прв пат косата или веќе ви е обоена, важно е да запомните дека црвената боја бара посебна нега. Така, експертите советуваат нанесување хидратантна маска за коса најмалку еднаш до два пати во неделата и избегнувајте ги шампоните кок содржат сулфати, бидејќи тие ја уништуваат бојата.

Објавено:
24 февруари 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.920 пати