Инстаграм полуде по новиот тренд за шминкање - „Dolphin Skin“

17 јули 2020

Летната сезона секогаш нуди некој нов тренд за убавина. А ако судиме по Инстаграм тенденциите, тогаш трендот за шминкање наречен “Кожа на делфин“, односно „Dolphin Skin“ е на добар пат да стане апсолутен хит.

Можеби името ви звучи чудно, но се работи за шминка која резултира со ефект на мазна, влажна и сјајна кожа, како онаа што ја имаат делфините. Блогерките се воодушевени од овој нов ефект при шминкањето, за кој ќе речат дека е одличен за лето.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Brookelle McKenzie (@bybrookelle) onJun 23, 2020 at 12:56pm PDT

Кожа како стакло е краниот резултатот кој сите сакаат да го постигнат, а за таа цел треба да се избегнуваат производи за матирање, кои пак изминатиов период беа прилично актуелни.

Визажистите велат дека најважна е основата, а тоа е кожата да има доволно влажност. Наместо матираните производи сега се користат токму спротивните - оние што содржат сјај. Сепак, најдобрата подлога е добра крема за хидратација со заштитен фактор.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SAMANTHA EVIRA (@samanthaevira) onJun 26, 2020 at 10:05am PDT

Потоа се користат течни хајлајтери, со кои најмногу треба да се истакнат јаболчниците. Малку руменило на образите во природна нијанса е задолжително.

Уште еден добар совет од визажистите е при шминкањето да се избегнуваат производи во прав и да се заменат со оние во облик на крема. За што поефектен изглед, може да се нанесат и неколку слоеви од производите со сјај.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jaime (@jayyglamm) onJun 17, 2020 at 12:02pm PDT

Да резимираме: За да го постигнете овој изглед потребни се: Добра крема за хидратација со заштитен фактор, течен хајлајтер, кремасто руменило и малку сјај за усни.

Резултатот треба да биде свежа и блескава кожа, со доза на летен луксуз.

Како ви се допаѓа новиот тренд?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SOPHIE SUCHAN (@sophiesuchan) onJul 13, 2020 at 2:48pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Oh! My Mag (@ohmymagfr) onJul 11, 2020 at 3:06am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ICONIC LONDON (@iconic.london) onJul 3, 2020 at 1:32am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ICONIC LONDON (@iconic.london) onJun 28, 2020 at 3:58am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ASHLEY CASSIDY (@ashbegash) onJun 24, 2020 at 3:14pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SWEVEN BEAUTY (@swevenbeauty) onJun 22, 2020 at 12:39pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JOSI PELLICANO (@josipellicano) onJun 11, 2020 at 11:49am PDT

 

 

 

Објавено:
17 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
19.617 пати