Ако сте обожавател на лабелото или балсамите за усни, тогаш предлозите што следат во продолжение може да ви изгледаат интересно.
Можете да ги користите и:
*Како гел за веѓи
Со помош на лабелото веѓите ќе ви изгледаат обликувани и исчешлани. Доволно е само малку лабело да нанесете по должината и проблемот со „веѓи надвор од контрола“ е решен.
*Против „наелектризирана“ коса
Косата полесно ќе ја скротите доколку на прстите нанесете малку балсам за усни и ќе ги провлечете низ неа.
*За свеж изглед
Доколку на вашата кожа ѝ недостасува сјај, на образите нанесете малку од балсамот и ќе го добиете потребниот сјај.
*За отстранување шминка
Ако треба да отстраните маскара или ајлајнер, на памук ставете лабело или балсам за усни и употребете го како средство за отстранување шминка. Но, бидете внимателни со балсамите со арома на ментол.
*Како крема за околу очи
Доколку останавте без кремата за околу очи, подочниците и чувството на умор под очите ќе ги отстраните токму со лабелото.
*Сув нос
Во сезона на настинки игрипови, доколку го имате проблемот на сува и изиритирана надворешност на носот поради често бришење, балсамот за усни ќе ви помогне да го ублажите проблемот.